Јаков 2:8-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Ако пак го исполнувате царскиот закон според Писмото: „Љуби го својот ближен како самиот себе!”- добро правите.

9. Но ако гледате на лице, правите грев, и законот ве осудува како престапници.

10. Зашто кој го пази целиот закон, а се сопне само во едно, станува виновен за сè.

11. Зашто Оној Кој рекол: „Не прави прељуба!” рекол и: „Не убивај!” Ако не направиш прељуба, а убиеш, стануваш престапник на законот.

12. Така зборувајте и така постапувајте како луѓе, кои ќе бидат судени по законот на слободата.

Јаков 2