Јаков 1:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Јаков, слуга на Бога и на Господа Исуса Христа, до дванаесетте распрснати племиња, поздрав.

2. Сметајте ја за чиста радост браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија,

3. знаејќи дека испитувањето на вашата вера создава трпение!

4. А трпението нека има совршено дело, за да бидете совршени и потполни: без никаков недостаток.

Јаков 1