Изреки 8:24-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Се родив кога уште немаше бездни, додека немаше извори на изобилни води.

25. Се родив пред да бидат основани горите, пред бреговите;

26. кога уште не ги имаше создадено земјата ни полињата, ни почетокот на земниот прав.

27. Кога ги создаваше небесата, бев присутна, кога распростираше свод над лицето на бездната;

28. кога ги зацврстуваше облаците во височината и кога ја одреди силата на изворот на прадлабочината.

Изреки 8