Изреки 7:8-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Поминуваше по улицата покрај нејзиниот агол, и чекореше по патот кон нејзината куќа,

9. во примрак, меѓу денот и вечерта, кога се спушта ноќната темнина.

10. И ете, го сретна жена, облечена како блудница и со измама во срцето.

11. Беше тврдоглава и разуздана, нејзините нозе не застануваа дома;

12. беше час на улиците, час на раскрсниците, и дебнеше при секој агол.

Изреки 7