Изреки 30:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. оддалечи ги од мене: суетата, и лагата; не ми давај ни сиромаштво ни богатство; храни ме со мојот насушен леб;

9. за да не се откажам од тебе, откако ќе се наситам, и да речам: „Кој е Господ?” Или осиромашувајќи - би крадел и би го онечистил името на својот Бог.

10. Не го клевети слугата пред неговиот господар, зашто би можел да те проколне, и да се најдеш виновен.

11. Има род кој го колне татка си и не ја благословува својата мајка!

Изреки 30