Изреки 30:21-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Од три нешта се тресе земјата, а четвртото не може да го трпи:

22. од роб кога ќе стане цар, и кога простиот ќе се насити леб;

23. од разведена жена кога ќе се мажи, и од слугинката, која ќе ја истисне својата господарка.

24. Четири нешта се мали на земјата, но се помудри од мудрите:

25. мравките, нејаки суштества, што лете ја приготвуваат храната за себе;

26. јазовците, суштества без сила; што во стена си изградуваат куќа;

Изреки 30