Изреки 3:16-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Долгиот живот и е во десната рака, а во левата: богатство и чест.

17. Нејзините патишта се пријатни и сите нејзини патеки се полни со мир.

18. Таа е дрво на живот, за оние кои се придржуваат за неа, и благословен е оној што ќе ја задржи.

19. Господ ја основа земјата со мудрост и ги зацврсти небесата со умот;

20. со Негово знаење се отворија бездните и облаците истурија роса.

Изреки 3