Изреки 29:13-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Сиромавиот и дерикожецот се среќаваат, Господ ги просветлува очите на двајцата.

14. Цар кој им суди на бедните според правдата, има цврст престол довека.

15. Прачката и изобличувањето даруваат мудрост, а разузданото дете ја срами својата мајка.

16. Кога се множат нечесните, се множи и беззаконието, но праведниците ја набљудуваат нивната пропаст.

17. Изобличи го својот син, и ќе те успокои и ќе и даде радост на твојата душа.

18. Каде нема откровение пророчко народот се разуздува, а кој го пази Законот е блажен!

19. Само со зборови не се поправува слугата, зашто не се покорува, иако сфаќа со умот.

Изреки 29