Изреки 27:16-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. кој неа ја крие, го крие ветерот и фаќа масло со десницата.

17. Железо се остри со железо, и човекот го остри лицето на својот пријател.

18. Кој ја чува смоквата, јаде од нејзиниот плод, и кој го чува својот господар, ќе биде почитуван.

19. Како што во водата се одразува лице од лице, така и срцето го одразува човекот.

20. Смртта и Пропаста не можат да се заситат, а така ни човечките очи.

21. Топилницата е за сребро и печката за злато, а човекот се познава по устата што го фали.

22. Да го истолчиш безумникот со толчник во сад за толчење со зрна, пак неговото безумство нема да го остави.

Изреки 27