Изреки 27:11-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Биди мудар, сине мој, и зарадувај ми го срцето, за да можам да му одговорам на оној, кој ме укорува.

12. Умниот човек го забележува злото и се засолнува, а глупаците одат безгрижно и страдаат.

13. Земи му ја облеката на оној, кој емчи за друг, и ограби го место туѓинецот.

14. Кој го поздравува својот пријател гласно, а рано наутро, тоа му се смета како клетва.

15. Покривот што прокиснува за време на пороен дожд и препирлива жена - едно исто се,

Изреки 27