Изреки 27:10-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Не оставај ги: својот пријател, ни татковиот пријател, и не влегувај во братовата куќа, кога си во несреќа; подобар е соседот во близина, отколку братот далеку.

11. Биди мудар, сине мој, и зарадувај ми го срцето, за да можам да му одговорам на оној, кој ме укорува.

12. Умниот човек го забележува злото и се засолнува, а глупаците одат безгрижно и страдаат.

13. Земи му ја облеката на оној, кој емчи за друг, и ограби го место туѓинецот.

14. Кој го поздравува својот пријател гласно, а рано наутро, тоа му се смета како клетва.

15. Покривот што прокиснува за време на пороен дожд и препирлива жена - едно исто се,

16. кој неа ја крие, го крие ветерот и фаќа масло со десницата.

Изреки 27