Изреки 25:19-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Безбожничката надеж во денот на неволјата, е како гнил заб и нога што трепери.

20. Како оној што соблекува облека во зимски ден или потурува киселина врз раната, таков е оној што му пее песна на ожалостено срце.

21. Ако е гладен твојот непријател, нахрани го со леб, и ако е жеден, напој го со вода,

22. зашто така му натрупуваш жар на главата, и Господ ќе те награди.

23. Северниот ветер донесува дожд, а потајниот јазик - разгневено лице.

Изреки 25