Изреки 24:25-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. а оние што го укоруваат, ќе бидат возљубени и врз нив ќе дојде благословот.

26. Кој одговара чесно, љуби во уста.

27. Сврши ја својата работа надвор и приготви ја својата нива, потоа изгради ја и својата куќа.

28. Не сведочи лажно против својот ближен; зар ќе мамиш со своите усни?

29. Не зборувај: „Како што тој ми направи мене, така ќе му направам и јас нему; ќе му платам на тој човек според неговото дело!”

30. Поминував покрај нивата на некој мрзливец, и покрај лозјето на некој безумник;

Изреки 24