Изреки 23:19-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Слушај, сине мој, и биди мудар и води го твоето срце по рамен пат.

20. Не дружи се со винопијачите, ниту со месојадачите,

21. зашто пијаницата и изедникот осиромашуваат, и дремливиот се облекува во партали.

22. Слушај го својот татко, својот родител, и не презирај ја мајката кога ќе остари.

23. Купувај вистина и не ја продавај, придобивај мудрост, поука и разум.

24. Многу ќе се радува таткото на праведникот, и кој раѓа мудар син ќе има милина во него.

25. Нека се веселат татко ти и мајка ти, и нека се радува твојата родителка.

26. Сине мој, дај ми го своето срце и нека твоите очи внимаваат на моите патишта,

27. зашто блудницата е длабока јама, и туѓинката тесен кладенец.

28. Таа дебне во заседа како крадец и го зголемува бројот на безбожниците меѓу луѓето.

29. Кому ах? Кому: леле? Кому: препирки? Кому: воздишки? Кому: рани за ништо? Кому: заматени очи?

30. На оние што седат доцна покрај виното, што дошле да го испитуваат зачинетото вино.

Изреки 23