Изреки 23:19-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Слушај, сине мој, и биди мудар и води го твоето срце по рамен пат.

20. Не дружи се со винопијачите, ниту со месојадачите,

21. зашто пијаницата и изедникот осиромашуваат, и дремливиот се облекува во партали.

22. Слушај го својот татко, својот родител, и не презирај ја мајката кога ќе остари.

23. Купувај вистина и не ја продавај, придобивај мудрост, поука и разум.

24. Многу ќе се радува таткото на праведникот, и кој раѓа мудар син ќе има милина во него.

Изреки 23