17. Нека твоето срце не им завиди на грешниците, туку нека секогаш ти биде во страв од Господа;
18. зашто ќе имаш иднина, и твојата надеж нема да пропадне.
19. Слушај, сине мој, и биди мудар и води го твоето срце по рамен пат.
20. Не дружи се со винопијачите, ниту со месојадачите,
21. зашто пијаницата и изедникот осиромашуваат, и дремливиот се облекува во партали.
22. Слушај го својот татко, својот родител, и не презирај ја мајката кога ќе остари.
23. Купувај вистина и не ја продавај, придобивај мудрост, поука и разум.