Изреки 23:12-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Сврти го своето срце кон поуката и своето уво кон мудри зборови.

13. Не лишавај му ја на детето опомената, зашто, ако го удриш со прачка, нема да умре;

14. го биеш со прачка, ама му ја избавуваш душата од пеколот.

15. Сине мој, кога ти е срцето мудро и јас се радувам од срце;

16. и ќе воскликнува сета моја внатрешност, кога твоите усни зборувааат што е право.

17. Нека твоето срце не им завиди на грешниците, туку нека секогаш ти биде во страв од Господа;

18. зашто ќе имаш иднина, и твојата надеж нема да пропадне.

19. Слушај, сине мој, и биди мудар и води го твоето срце по рамен пат.

Изреки 23