Изреки 20:8-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Царот кој седнува на судиска столица, го истражува секое зло со своите очи.

9. Кој може да рече: „Го очистив своето срце, јас сум чист од мојот грев?”

10. Двојните тегови и двојните мерки, двете Му се омразени на Господа.

11. И детето се познава според она што го прави, дали е чисто и праведно неговото дело.

12. И увото што слуша и окото што гледа, Господ ги направи двете.

13. Не сакај го спиењето за да не осиромашиш, отвори ги своите очи, и ќе се наситиш со леб.

14. „Лошо, лошо”, зборува купувачот, а кога ќе си отиде се фали.

15. Има злато и многу бисери, но мудрите усни се најскапоцен накит.

Изреки 20