Изреки 20:13-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Не сакај го спиењето за да не осиромашиш, отвори ги своите очи, и ќе се наситиш со леб.

14. „Лошо, лошо”, зборува купувачот, а кога ќе си отиде се фали.

15. Има злато и многу бисери, но мудрите усни се најскапоцен накит.

16. Земи му ја облеката на оној кој емчи за друг; ограби го него место туѓинецот.

17. Сладок му е на човекот лебот на измамата, но после устата му се наполнува со песок.

Изреки 20