Изреки 20:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. И увото што слуша и окото што гледа, Господ ги направи двете.

13. Не сакај го спиењето за да не осиромашиш, отвори ги своите очи, и ќе се наситиш со леб.

14. „Лошо, лошо”, зборува купувачот, а кога ќе си отиде се фали.

15. Има злато и многу бисери, но мудрите усни се најскапоцен накит.

16. Земи му ја облеката на оној кој емчи за друг; ограби го него место туѓинецот.

Изреки 20