Изреки 2:12-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. За да те избави од лош пат, од измамлив човек,

13. од оние што ги оставаат патеките на чесноста, па одат по мрачни патишта;

14. кои се веселат правејќи зло и ликуваат во изопаченоста на лошото;

15. чии патеки се криви, и кои се опаки на своите патишта.

16. За да те избави од прељубница и од туѓинка, што ласка со зборови,

17. која го остава пријателот на својата младост и го заборава заветот на својот Бог.

18. Зашто куќата и тоне во смрт, и нејзините патишта водат кон мртвите,

19. кој влегува при неа, не се враќа никогаш, и не ги наоѓа повеќе патиштата на животот.

Изреки 2