Изреки 18:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Кога е човекот болен неговиот дух го подига, а поразениот дух, кој може да го подигне?

15. Разумното срце придобива знаење, и увото на мудрите бара знаење.

16. Подарокот му отвора пат на човекот и го води пред големците.

17. Кој прв го заштитува своето дело се чини дека е прав, а кога ќе дојде неговиот сосед го испитува.

18. Жрепката ги прекратува споровите, и одлучува меѓу силните.

Изреки 18