Изреки 17:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Подобро е залаг сув леб во мир, отколку куќа со расправии, полна со печена жртва.

2. Разумниот слуга владее над синот на срамот и ќе дели наследството со браќата.

3. Топилницата е за сребро, а печката за златото, а самиот Господ го испитува срцето.

Изреки 17