Изреки 16:4-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Господ создаде сè за сопствена цел, па и нечесниот за денот на злото.

5. Омразен Му е на Господа секој со гордо срце, таков навистина не останува без казна.

6. Со милост и вистина се очистува неправдата, и со стравот од Господа се отстранува злото.

7. Кога на Господа Му се мили човековите патишта и неговите непријатели ги помирува со него.

8. Подобро е малку со правда, отколку големи приходи со неправда.

9. Човековото срце го смислува својот пат, но Господ ги управува неговите чекори.

10. Вдахновена одлука е во усните на царот: неговата уста нема да згреши во пресудата.

11. Чесните ваги и премерувањата Му припаѓаат на Господа; сите тегови во торбите се Негово дело.

12. Омразено им е на царевите да се врши беззаконие, зашто престолот се уцврстува со правда.

13. Пријатни им се на царевите праведни усни, и тие го љубат оној кој зборува вистина.

Изреки 16