Изреки 15:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Благиот одговор ја ублажува јароста, а грубиот збор го зголемува гневот.

2. Јазикот на мудрите луѓе го прославува знаењето, а устата на безумните истурува глупост.

3. Господовите очи се на секое место и ги набљудуваат и лошите и добрите.

4. Благиот јазик е дрво на животот, а пакосниот е рана за духот.

5. Безумниот ја презира поуката на својот татко, а кој прима укор, е благоразумен.

6. Во праведниковиот дом има големо изобилство, а нечесниот ја печали својата пропаст.

7. Усните на мудрите сеат знаење, а срцето на безумникот е непостојано.

8. Жртвата на нечесниот Му е омразена на Господа, а мила Му е молитвата на праведните.

Изреки 15