Изреки 14:6-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Потсмевачот бара мудрост и не ја наоѓа, а разумниот лесно доаѓа до знаење.

7. Оди си од безумниот човек, зашто нема да запознаеш усни што зборуваат знаење.

8. Мудроста на мудриот човек е во тоа: што внимава на својот пат, а глупоста на безумникот е заблуда.

9. На лудите гревот им е шега, а среде праведните е Божјата наклонетост.

10. Срцето ја познава својата душевна мака, и неговата радост не може да ја дели никој друг.

11. Домот на нечесните ќе пропадне а живеалиштето на праведниците ќе процвета.

Изреки 14