21. Греши кој го презира својот ближен, а блазе на оној кој е милостив кон сиромасите.
22. Не одат ли по заблуда оние што смислуваат зло? А зар не се добрината и верноста со оние што смислуваат добро.
23. Од секој труд има полза, а од брбливоста на усните само сиромаштво.
24. На мудрите венец им е нивното богатство, а глупоста на безумните е нивната лудост.
25. Вистинскиот сведок избавува души, а лажниот сведок истура лаги.
26. Во стравот од Господа е голема верба, и е прибежиште за неговите синови.
27. Стравот од Господа е извор на животот; Тој избавува од стапицата на смртта.
28. Многуброен народ е слава за царот, а без луѓе владетелот пропаѓа.