Изреки 14:19-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Лошите се поклонуваат пред добрите, и нечесните пред вратите на праведникот.

20. Сиромавиот им е омразен и на своите пријатели, а богатиот има многу другари.

21. Греши кој го презира својот ближен, а блазе на оној кој е милостив кон сиромасите.

22. Не одат ли по заблуда оние што смислуваат зло? А зар не се добрината и верноста со оние што смислуваат добро.

Изреки 14