Изреки 13:11-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Со измама придобиено богатство исчезнува, а кој собира со труд, го умножува.

12. Одложуваната надеж го изнемоштува срцето, а исполнетата желба е дрво на животот.

13. Кој го презира словото, тој пропаѓа, а кој ги почитува заповедите, добива плата.

14. Поуката на мудриот е животен извор, таа избавува од примките на смртта.

15. Добриот разум прибавува пријатност, а патот на беззакониците е нерамен.

16. Секој умен дејствува промислено, а безумникот се фали со својата лудост.

17. Лошиот гласник паѓа во зло, а верниот пратеник донесува исцеление.

Изреки 13