Изреки 11:4-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Богатството не помага во денот на Божјиот гнев, а правдата избавува од смрт.

5. На непорочниот правдата му го исправува неговиот пат, а нечесниот пропаѓа од својата нечесност.

6. Справедливите ги избавува нивната правда, а беззакониците се фаќаат во својата злоба.

7. Кога лошиот човек умре, надежта му пропаѓа, и надежта и очекувањето на грешникот се рушат.

Изреки 11