Изреки 10:17-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Кој се придржува до поуките, е на патот на животот, а кој го отфрла укорот се заблудува.

18. Лажливите усни ја кријат омразата, а кој шири клевети - безумен е!

19. Изобилство зборови не бидува без грев, а кој го воздржува својот јазик, разумен е.

20. Праведниковиот јазик е одбрано сребро, а срцето на нечесниот е безвредно.

21. Усните на праведниот се храна на мнозина, а глупавите умираат од недостаток на разум.

22. Господовиот благослов збогатува и не придодава никаква мака.

Изреки 10