6. Утреден Господ така и направи. Сиот добиток на Египетците изумре, а од добитокот на Израелците не изумре ниту едно грло.
7. Фараонот истражуваше и се увери дека од израелскиот добиток не изумре ниту едно грло. Ама фараоновото срце сепак се закорави, и не го пушти народот.
8. Господ им рече на Мојсеја и Арона: „Земете полни грстови пепел од печката, па Мојсеј нека ја фрли, пред фараоновите очи, кон небото.
9. Од тоа ќе стане ситен прав по сета Египетска Земја, и ќе предизвика отоци и ќе создаде чирови и на луѓето и на животните, од едниот до другиот крај на Египет.”
10. Така тие зедоа пепел од печката и дојдоа пред фараонот. Тогаш Мојсеј ја расфрли пепелта кон небото, и отоците и чировите ги покрија луѓето и животните.