Излез (2 Moj.) 9:31-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. И така пропаднаа ленот и јачменот: зашто јачменот беше во клас, а ленот во цвет.

32. Пченицата и ’ржта не настрадаа, зашто беа подоцнежни жита.

33. Откако си отиде од кај фараонот, Мојсеј излезе од градот и ги крена рацете кон Господа. Грмежите и градот прекратија, а ни дождот веќе не паѓаше на земјата.

34. Кога фараонот виде дека прекратија грмежите, градот и дождот, пак падна во грев: и тој и неговите службеници пак се закоравија во срцето.

35. Се закорави срцето на фараонот, и тој не ги пушти Израелците, како што Господ и прорече преку Мојсеја.

Излез (2 Moj.) 9