11. Ни волшебниците не можеа да се појават пред Мојсеја, зашто и вражалците, како и сите други Египетци, беа покриени со чирови.
12. Ама Господ го закорави срцето на фараонот, па тој не ги послуша Мојсеја и Арона, како што Господ и му рече на Мојсеја.
13. Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Порани наутро, излези пред фараонот и речи му: ‘Господ, Бог на Евреите, порачува вака: „Пушти го народот да замине и да ми искаже почитување.
14. Ако не го пуштиш, сите свои зла ќе ги навалам овој пат врз тебе, врз твоите службеници и врз твојот народ, така да сознаеш дека нема никој, на целата земја, каков што Сум Јас.
15. Да ја спуштев Својата рака и да ве удрев со помор, тебе и твојот народ, ќе ве снемаше од земјата.
16. Те поштедив за да ја покажам Својата сила и за да се објави Моето име по целата земја.
17. Ама ти се воздигнуваш премногу над Мојот народ и му пречиш да замине.