1. Господ му рече на Мојсеја: „Скоро ќе видиш како ќе постапам Јас со фараонот! Под силна рака ќе ги пушти да заминат; под силна рака сам ќе ги истера од својата земја.”
2. Уште Бог му рече на Мојсеја: „Јас Сум Господ.
3. Им се јавував на Авраама, Исака и Јакова како Ел Шадај. Но не им се открив со Своето име - Господ.
4. И склучив завет со нив дека ќе им ја дадам Ханаанската Земја, земјата во која живееја како придојденци.
5. А сега, откако ги чув воздишките на Израелците, кои Египетците ги држат во ропство, си спомнав на Својот Завет.
6. И така, кажи им на Израелците дека Јас Сум Господ; дека ќе ве избавам од теретот што ви го наметнаа Египетците. Ќе ве ослободам од ропството во кое ве држат; ќе ве избавам удирајќи силно и казнувајќи строго.