Излез (2 Moj.) 5:11-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Вие самите треба да одите и да ја барате, каде што ќе можете да ја најдете. Но затоа нема да ја намалам вашата работа.’”

12. Затоа народот се разотиде по целата египетска земја да собира слама место плева.

13. А надгледувачите ги гонеа: „Секој ден треба да ја свршите истата работа како и тогаш додека ја добивавте плевата.”

14. А бележниците, кои фараоновите надгледувачи ги поставија над Израелците, ги тепаа и прекоруваа: „Зошто ни вчера ниту денес не направивте плитари колку и порано?”

15. Тогаш бележниците на Израелците отидоа и му се пожалија на фараонот: „Зошто постапуваш вака со своите слуги?

Излез (2 Moj.) 5