Излез (2 Moj.) 4:27-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Тогаш Господ му рече на Арона: „Запати се кон пустината, во пресрет на Мојсеј!” Тој отиде и се сретна со него на Божјата Гора. Го пољуби.

28. Мојсеј му раскажа на Арона сè што му довери Господ и сите знаци што му нареди да ги изврши.

29. Сега Мојсеј и Арон отидоа и ги собраа сите старешини на Израелците.

30. Арон им изложи сè што Господ му зборувал на Мојсеја, а Мојсеј ги направи знаците пред очите на народот.

31. Народот беше уверен, и откако чуја дека Господ ги посети Израелците и погледа на нивните јадови, паднаа ничкум и се поклонија.

Излез (2 Moj.) 4