Излез (2 Moj.) 39:41-43 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

41. убаво изработени облеки за служба во Светилиштето - света облека за свештеникот Арон и облеки за свештеничката служба на неговите синови.

42. Токму како што Господ му нареди на Мојсеја, така Израелците ја свршија целата работа.

43. Мојсеј ги прегледа сите работи и утврди дека ги довршиле: како што Господ нареди, така и ги направија. И Мојсеј ги благослови.

Излез (2 Moj.) 39