Излез (2 Moj.) 39:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Од љубичестото, црвеното и темноцрвеното предено направија убаво изработено руво за служба во Светилиштето; направија света облека за Арона, како што Господ му нареди на Мојсеја.

2. Наплеќникот го направија од злато, љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен.

3. Исковаа златни плочки, а потоа ги исекоа на нишки, за да ги испреплетат уметнички во љубичестото, црвеното и темноцрвеното предено и во препредениот лен.

4. За наплеќникот направија прекурамници што беа составени со него на своите два краја;

Излез (2 Moj.) 39