Излез (2 Moj.) 38:9-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Потоа направи двор. На јужната страна на дворот беа завеси од препреден лен, долг сто лакти.

10. Нивните дваесет столбови со дваесет подножја беа од бронза, додека куките на столбовите и нивните поврзувачи беа од сребро.

11. Од сто лакти беа завесите и на северната страна. Нивните дваесет столбови со дваесет подножја беа од бронза, додека куките на столбовите и нивните поврзувачи беа од сребро.

12. Завесите на западната страна беа од педесет лакти, со десет столбови и со десет нивни подножја. Куките на столбовите и нивните поврзувачи беа од сребро.

13. Однапред, на исток, завеси од педесет лакти.

14. Од едната страна на вратата завесите беа од петнаесет лакти, со три столпчиња и со три нивни подножја.

15. Така и од другата страна - значи, на двете страни на дворната врата - беа завеси од петнаесет лакти, со три столпчиња и со три нивни подножја.

Излез (2 Moj.) 38