Излез (2 Moj.) 38:2-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Му направи четири рога на неговите четири агли. Роговите беа од еден дел со него. Потоа го опкова со бронза.

3. А го направи и целиот прибор за жртвеникот: длабоки грнци, лопатки, садови, вилушки и кадилници; целиот овој прибор го направи од бронза.

4. Потоа направи решетка за жртвеникот во облик на мрежичка од бронза под испакнатините, му зафаќаше до средина.

5. Излеа четири колца на четирите агли на бронзената решетка, за да служат како рачки за ластегарките.

6. Ги направи ластегарките од багремово дрво па ги опкова со бронза.

Излез (2 Moj.) 38