Излез (2 Moj.) 38:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Нивните дваесет столбови со дваесет подножја беа од бронза, додека куките на столбовите и нивните поврзувачи беа од сребро.

11. Од сто лакти беа завесите и на северната страна. Нивните дваесет столбови со дваесет подножја беа од бронза, додека куките на столбовите и нивните поврзувачи беа од сребро.

12. Завесите на западната страна беа од педесет лакти, со десет столбови и со десет нивни подножја. Куките на столбовите и нивните поврзувачи беа од сребро.

13. Однапред, на исток, завеси од педесет лакти.

14. Од едната страна на вратата завесите беа од петнаесет лакти, со три столпчиња и со три нивни подножја.

Излез (2 Moj.) 38