5. и му рекоа на Мојсеја: „Народот донесува многу повеќе отколку што е потребно за изведување на работата, што Господ ни нареди да ја извршиме.”
6. Затоа Мојсеј издаде повелба што ја разгласија низ логорот: „Повеќе ниеден маж ни жена нека не донесуваат никаков прилог за Светилиштето!” Така го запреа народот, па не донесуваше нови дарови.
7. Што имаа, беше доста за да се сврши целото дело, и уште имаше отповеќе.
8. И така најискусните луѓе меѓу трудбениците го направија Шаторот. Го направија од десет завеси од преден лен и од љубичесто, црвено и темноцрвено предено. Ликови на херувими беа извезани врз нив.
9. Должината на секоја завеса изнесуваше дваесет и осум лакти, а широчината на секоја завеса четири лакти. Сите завеси беа со иста мерка.
10. Пет завеси составија една со друга, а пет други завеси составија пак една со друга.