Излез (2 Moj.) 36:4-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. сите мајстори, кои го градеа Светилиштето, дојдоа - секој од работата на која работеше -

5. и му рекоа на Мојсеја: „Народот донесува многу повеќе отколку што е потребно за изведување на работата, што Господ ни нареди да ја извршиме.”

6. Затоа Мојсеј издаде повелба што ја разгласија низ логорот: „Повеќе ниеден маж ни жена нека не донесуваат никаков прилог за Светилиштето!” Така го запреа народот, па не донесуваше нови дарови.

7. Што имаа, беше доста за да се сврши целото дело, и уште имаше отповеќе.

Излез (2 Moj.) 36