29. Тие беа составени при дното, но при врвот се составуваа со едно колце. Така двете ги поставија за двата агла.
30. Имаше осум даски со нивните подножја од сребро; шеснаесет подножја, под секоја даска две.
31. Направија лостови од багремово дрво: пет од нив за даските на едната страна на Шаторот,
32. а пак пет лостови за даските на другата страна на Шаторот, и пет лостови за даските на Шаторот одназад, кон запад.
33. Тогаш направија средишен лост што поминуваше низ средината на даските од крај до крај.
34. Ги опковаа даските со злато, а нивните колца, низ кои беа провлечени лостовите, ги направија од злато. И лостовите ги опковаа со злато.
35. Направија завеса од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од преден лен; ја направија со извезани херувими.
36. Направија за неа четири столбови од багремово дрво и ги опковаа со злато. Нивните куки беа од злато, а им одлеаја и четири подножја од сребро.
37. На влезот во Шаторот направија завеса од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен, исткаена уметнички,
38. и за неа пет столпчиња со нивните куки. Врвовите на столпчињата и нивните поврзувачи ги опковаа со злато, додека пет подножја им направија од бронза.