Излез (2 Moj.) 36:2-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Тогаш Мојсеј ги повика Веселеил, Елијав и сите оние што Господ ги надари со вештина; сите кои ги поттикнуваше срцето да се зафатат со работата и да ја извршат.

3. Тие ги презедоа од Мојсеја сите приноси кои ги донесоа Израелците за да се направат работите за изградбата на Светилиштето. Но бидејќи тие и натаму донесуваа приноси утро по утро,

4. сите мајстори, кои го градеа Светилиштето, дојдоа - секој од работата на која работеше -

5. и му рекоа на Мојсеја: „Народот донесува многу повеќе отколку што е потребно за изведување на работата, што Господ ни нареди да ја извршиме.”

6. Затоа Мојсеј издаде повелба што ја разгласија низ логорот: „Повеќе ниеден маж ни жена нека не донесуваат никаков прилог за Светилиштето!” Така го запреа народот, па не донесуваше нови дарови.

Излез (2 Moj.) 36