Излез (2 Moj.) 35:24-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Натаму, секој што можеше да даде некаков дар во сребро или во бронза, го донесе тоа како принос во чест на Господа. Секој кај кого се најде багремово дрво за употреба во која и да е работа, го донесе.

25. Сите жени кои беа вешти предеа со своите раце и го донесуваа тоа што го испредоа: љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен.

26. Сите жени пак, кои ги поттикнуваше нивното срце заради нивната вештина, предеа козина.

27. Главатарите донесуваа оникс и други бесцени камења за вметнување во плеќникот и врзградникот;

28. па мириси и масло за осветление, миро за помазание и благомирислив темјан.

Излез (2 Moj.) 35