14. светилник за осветлување, неговиот прибор и неговите светилки, потоа масло за осветление;
15. кадилниот жртвеник и неговите ластегарки; миро и благомирислив темјан; завесата за влезот во Шаторот;
16. жртвеник за жртвите паленици со неговата решетка од бронза; ластегарките за него и сиот негов прибор; мијалникот и неговата потпирка;
17. завесите за дворот; столбовите и нивните подножја, па завесата при влезот во дворот;
18. колчињата за Шаторот и колчињата за дворот со нивните врвци;
19. свеченото руво за вршење служба во Светилиштето - посветената облека за свештеникот Арон и облеките за свештеничка служба на неговите синови.”
20. Тогаш целата израелска заедница се повлече од пред Мојсеја.
21. А тогаш секој, кого срцето го влечеше и душата го поттикнуваше, дојде носејќи го својот принос во чест на Господа за градба на Шаторот на средбата, за секоја служба во него и за посветените облеки.