Излез (2 Moj.) 34:21-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. „Шест дена работи, а на седмиот откажи се од работите, сеедно ако е и во доба на орање или во време на жетва.

22. Празнувај го празникот Седмици - на првите плодови на пченичната жетва - и празникот Берба на крајот на годината.

23. Трипати годишно сите машки нека се појават пред Господа Јахве, Израелевиот Бог.

24. Зашто ќе ги протерам народите пред тебе и ќе ги проширам твоите меѓи, па никој не ќе ја посака твојата земја кога трипати годишно ќе излегуваш да се покажеш пред Господа, твојот Бог.”

Излез (2 Moj.) 34