Излез (2 Moj.) 29:22-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. „Потоа земи еден овен со лој, со мрсна опашка, со лој околу дробот, мрежичката на црниот дроб, двата бубрега и мрсното околу нив; десната плешка - зашто е тоа овен принесен за свештеничко посветување -

23. потоа еден тркалест леб, еден колак со масло и една кора од кошницата на бесквасниот леб што е пред Господа.

24. Сето тоа сложи им го на рацете на Арона и на неговите синови и принеси жртва вртена пред Господа.

25. Тогаш земи ги од нивните раце и изгори ги на жртвеникот, над жртвата паленица, за пријатен мирис пред Господа. Тоа е палена жртва во чест на Господа.

26. Потоа земи ги градите на овенот принесен за Ароновото посветување и принеси ги како жртва вртена пред Господа. Тоа нека биде твој дел.

27. Посвети ги градите што беа принесени како вртена жртва и плешките што беа принесени како поткрената жртва од овенот принесен за посветување на Арона и на неговите синови.

28. Тоа нека им биде награда на Арона и на неговите синови од Израелците за сите времиња. Па тоа е наемот што Израелците ќе го даваат од своите помирителни жртви - наем што Му припаѓа на Господа.

29. Ароновите посветени облеки нека им припаднат на неговите синови по него, за да бидат во нив помазани и посветени.

Излез (2 Moj.) 29